Од куќа во гостиварското село Топлица украден е златен накит во вредност од десет илјади евра, соопштуваат од МВР.
Според информациите на полицијата, кражбата се случила во периодот од 8 до 12 декември кога крадецот насилно отворајќи ги прозорците во подрумот, провалил во куќата, а по извршеното пребарување арамијата украл разновиден златен накит вреден околу 600 илјади денари.
Полицијата трага по сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.