Македонскиот претставник Карпош Соколи, очекувано, го загуби со службен резултат 0-20, дуелот против Теодо во БИБЛ, откако тимот се повлече од теренот на 2.45 минути пред крајот на мечот и не го доигра. Раководството на Балканската лига му изрече финансиски казни на клубот за одлуката Карпош Соколи да не го доигра натпреварот, за неправилен настап против кумановци и казна за тренерот Николиќ кој ја донесе одлуката за повлекување на екипата.
„Соколите“ ќе треба да платат 5.000 евра парична казна за напуштањето терен, а идентичнa казнa од 5.000 евра има и за мечот со Куманово, кога на теренот немало ниту еден домашен играч, како што е предвидено во пропозициите.
При резултат 60-61, во последната четвртина, Карпош Соколи незадоволни од делењето на правдата на овој натпревар, го напуштија теренот и заминаа во соблекувалната.
БИБЛ побара од Карпош Соколи до утре да уплати 6.000 евра на сметката на лигата доколку сака да продолжи да се натпреварува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.