
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на денешната 4. седница на Управниот Одбор, на предлог на претседателот Живко Мукаетов одлучи женската ракометна селекција на Македонија да добие парична награда за пласманот во баражот за СП.
Предлогот на Мукаетов беше едногласно прифатен и изгласан од сите членови на Управниот Одбор кои се согласија да се обезбедат 10.000 евра кои ќе бидат поделени на ракометарките и стручниот штаб.
– Големо задоволство, успеавме да се квалификуваме во баражот. Голем исчекор за нашиот женски ракомет и посебно сум среќен јас лично што успеавме да го направиме тоа – изјави претседателот Живко Мукаетеов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


