За оваа вeчер кумановскиот ноќен клуб „Лолипоп“ повторно смисли нова интересна тематска забава. Насловена како „Бербер шоп парти“, забавата ќе го претвори клубот во фризерски салон, а во соработка со неколку познати салони за убавина, стилисти во живо ќе ги презентираат најновите трендови за фризура и за шминка.
За добриот ритам ќе се погрижи диџеј Шорти ака Панчо.
За сабота, пак, се најавува забавата „Ангелите на Лолипоп“. Згодни манекенки од модното студио „Црнокрак“ облечени како ангели од „Викторијас сикрет“ ќе позираат на модни фотографи во живо. Специјално изненадување се организира и за гостинките, кои на влезот од клубот ќе бидат пречекани од сексапилни манекени.
За добрата забава в сабота ќе биде задолжен диџеј Боби со комерцијална и ретромузика.
Влезот и за двете вечери чини 100 денари, а сите гости традиционално добиваат бесплатен пијалак за добредојде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.