| четврток, 6 декември 2018 |

Маж се задуши од плин, сопругата се бори за живот

54-годишен прилепчанец, болничар во општата болница, се задушил денеска во семејната куќа во Прилеп.

Како точно се случила несреќата допрва ќе се утврдува, пренесе Канал 5.

Лекарите се борат за животот на неговата сопруга, додека синот, снаата и внучето по укажаната помош се во добра здравствена состојба. Благодарение на брзата интервенција на професионалната противпожарна единица и итната медицинска помош останатите членови од семејството биле спасени.

Како точно се случила несреќата допрва ќе се утврдува. Според првичните информации, починатиот Чапоски најверојатно поради нарушени сејмени односи живеел на вториот кат од куќата. Дали тој намерно ја предизвикал несреќата или плинската боца почнала да истекува од невнимание треба да покаже истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top