| четврток, 6 декември 2018 |

Наградата „Жан Моне“ за Ерол Ризаов

ерол

Ерол Ризаов

Ерол Ризаов, новинар на „Утрински весник“, ја доби наградата „Жан Моне“ за најдобар напис на тема „Европска унија“. Оваа награда ја доделува Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Фоторепортерот на весникот „Вест“, Борис Грдановски, ја доби наградата за најдобра репортерска фотографија, а за аматерска фотографија е наградена Марија Биковска.

Наградите ги врачи евроамбасадорот Аиво Орав во просториите на инфоцентарот на ЕУ. Авторите на најдобриот новинарски напис и на најдобрата репортерска фотографија покрај статуетка и диплома, добија и парична награда од по 1.000 евра, додека најдобрата аматерска фотографија доби диплома и 500 евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top