| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ против измените во Деловникот

Предложените измени на Деловникот на Собранието е обид за продлабочување на кризата, ова е ставот на СДСМ.

-Секој нов чекор на ВМРО-ДПМНЕ оди во насока на целосно укинување на парламентарната демократија во земјата, реагираат од СДСМ.

Од опозицијата велат дека не им е првпат на ВМРО – ДПМНЕ да предлага измени на Деловникот за работа кога опозицијата го бојкотира Парламентот.

Во истовреме за коалициониот партнер на власта ДУИ нема ништо спорно.

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски денеска предложи да се ограничи дискусијата на пратениците, односно да зборуваат повеќе пати, но не подолго од 20 минути, а координаторите на пратеничките групи не подолго од 30 минути при општ претрес на законите во Комисија во прво читање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top