Снегот што го покри Истанбул не им ги расипа плановите на Галатасарај, кој со голот на Весли Снајдер го совлада италијанскиот шампион Јувентус и се пласираше во наредната рунда во Лигата на шампиони.
Покрај тоа, Дидие Дрогба имаше уште една причина за радување. Според изборот на магазинот „ГК“, напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска ја доби наградата „Маж на годината“.
Дрогба облечен во костум на Армани присуствувал на прославата, а како било на прославата сведочи фотографијата која тој ја објави на неговиот профил на „Инстаграм“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


