| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина судии не видоа очигледен офсајд на пет играчи на Шалке (видео)

Правилото во модерниот фудбал да има што повеќе судии не го дава очекуваниот ефект, а тоа се потврди и на вчерашниот дуел меѓу Шалке 04 и Базел во Лигата на шампионите. Од пред неколку сезони со стандардните тројца судии, главен и двајца помошници, во мечевите од европските купови има уште двајца арбитри, по еден зад секој гол, но и тоа е џабе, не дава ефект.

Напаѓачот на Шалке 04 Жоел Матип постигна апсолутно нерегуларен втор гол за германскиот претставник во дуелот со Базел, што значеше „да се биде или не“ во Лигата на шампионите. Со Матип во офсајд беа уште четворица играчи на Шалке 04, но судиите не забележаа ништо нерегуларно. Пет судии не успеаа да видат пет играчи во недозволена позиција, што јасно се гледа од сликата.

matip

 

Шалке беше подобар противник во директен дуел заслужено го елиминира Базел, но мала дамка останува голот од офсајд на Матип. Мечот заврши со резултат 2-0 за тимот од Гелзенкирхен.

 

 


Goal Matip – Schalke 2-0 Basel – 11-12-2013… by video4all

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top