Авторот Христо Петрески и новинарката Тина Иванова се добитници на наградата „Урбан“ што се доделува во вид на диплома, за 2013 година. Наградата „Урбан“ ја доделува „Урбан Институт“ од Скопје, за афирмација на македонската урбана култура.
„Христо Петрески во своите дела го претставува градскиот живот и урбаното. Неговите последни романи обработуваат исклучиво градски теми (’Лифтот (не) е за двајца‘, ’Збогум Кензо Танге‘ и др.), додека Тина Иванова е претставник на помладата генерација новинари и автори, кои преку своите текстови јасно го одбележуваат современиот животен стил. Автор е на повеќе текстови поврзани со урбаната култура, на книгата ’Документ 103‘ која се однесува на култното македонско радио Канал 103, како и на краткиот роман ’Кругови‘ во кој доминира современиот скопски свет“, велат од Институтот.
Минатогодишен добитник на „Урбан“ е Томислав Османли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.