| четврток, 6 декември 2018 |

Кое видео е најгледно на „Јутјуб“ годинава?

fox

Откачениот норвешки спот „Лисицата“ замислен како шега е најгледно видео на каналот „Јутјуб“.

Од објавувањето, на 3 септември, спотот во кој луѓето облечени во животински костими играат во шумата на рефренот „Што вели лисицата“ има повеќе од 277 милиони прегледи на „Јутјуб“.

Спотот се најде на осмото место на ранг-листата на американскиот музички магазин „Билборд“ во октомври, пред ѕвездите како Лејди Гага и Лана Дел Реј. Авторите на спотот, дуото комичари Бард и Вегерда Јлвиса склучија договор за објавување детска книга. Тие овој спот го снимија за да го промовираат своето ТВ-шоу.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top