
Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија му наложи на поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, да сведочи во процесот против политичкиот лидер на Србите од времето на војната, Радован Караџиќ. Трибуналот ја одобри молбата на Караџиќ да го задолжи Младиќ да сведочи во неговиот процес. Караџиќ тоа го побара уште во април откако Младиќ одби да го направи тоа доброволно.
Се очекува Младиќ во јануари да се појави како сведок во процесот против Караџиќ.
И двајцата тврдат дека не се виновни за обвиненијата за кои се товарат: геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


