
Бракот на Боб и Линда Кареј функционирал нормално – со многу љубов, разбирање и секако, по некоја кавга. Но на жената и бил дијагностициран рак на дојката. Тогаш Боб се одлучил на несекојдневен потег и се фотографирал во розово здолниште за балерини за да на неговата сопруга и измами насмевка.
-Нејзиниот рак не научи дека животот е добар, борбата со него може да биде тешка, а понекогаш е најдобро, всушност единствено што може да направиме е да се смееме и да ја поделиме таа насмевка со другите, кажал Боб.
Неговиот подвиг не бил нималку едноставен. Најпрво патувал ширум светот, се соочувал со разни температурни разлики и зачудени погледи на минувачите, меѓутоа тоа што го постигнал е немерливо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


