| четврток, 6 декември 2018 |

Турци сакаат да градат шопинг-центри во Охрид

turska-delegacija-2

Турци се интересираат за изградба на шопинг центри во Охрид. На барање на Озгур Торт, извршен директор на МИГРОС Групацијата од Република Турција, градоначалникот Никола Бакрачески денеска се сретна со претседателот на Управниот одбор,  Булент Озаудинли и директорот на РАМСТОР – Македонија, Ибрахим Кесемен – објави Охриднет.

Средбата претставува продолжение на континуирано добрите релации со турските бизнисмени и нивниот интерес за вложување во Охрид. Како што беше најавено уште при отворањето на првиот супермаркет на  РАМСТОР во Охрид, на денешната средба посебен интерес беше изразен за изградба на два модерни шопинг центри, во кои би се вработиле над 100 охриѓани.

Градоначалникот Бакрачески ги запозна турските инвеститори со законските погодности и можности за инвестирање, а се очекува во најскоро време групацијата МИГРОС да испрати писмо на намери, по што официјално ќе треба да се изготви проект за идната инвестиција во Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top