Одличната репрезентација на Данска денеска од 19,30 часот ќе ги тестира фудбалските квалитети на Македонија на „Филип втори“ арената во Скопје.
Ќе не тестираат силните Данци, рангирани како 23. на свет, а на нишан ќе ни биде Белгија за мартовската двојна програма од квалификациите за СП 2014 во Бразил.
– Сакаме победнички да ја почнеме годината, што ќе им даде допoлнителен стимул на фудбалерите пред двобојот со Белгија идниот месец. Нашиот стил на игра е познат и нема потреба ништо да се менува. И Горан Пандев се враќа во составот, што не прави уште поголеми оптимисти. Противникот е многу силен, не чека тежок тест, но тоа и ни е целта да ги одмериме силите со квалитетна селекција, каква што е Данска – рече селекторот Чедомир Јаневски.
Данска ни беше гостин во првиот официјален квалификациски меч од независноста на Македонија на 7. септември 1994 година.
Одигравме нерешено 1-1, а стрелец на голот за нас беше Митко Стојкоски во 4. минута. Данците, кои тогаш беа актуелни европски прваци израмнија на 3 минути пред крај со погодокот на Поулсен.
Натпреварот го одбележа и исклучувањето на Драко Панчев на почетокот на вториот дел, а иако беше дел од таа генерација сегашниот селектор Јаневски не настапи поради повреда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“