| четврток, 6 декември 2018 |

Гаспром ќе формира лига Јужен тек

dragan dzajic

Руската компанија „Гаспром“ сака да формира лига пандан на Лигата на шампионите во фудбал со земји-учеснички низ кој ќе поминува гасоводот „Јужен тек“.
Оваа идеја раководството на компанијата ја презентирало пред челниците на Црвена звезда, а за идејата се огласил претседателот на клубот Драган Џаиќ.

– Идејата е одлична. Сепак, за организација на вакво натпреварување последниот збор треба да го има УЕФА. Убаво е да играме со тимови од земји низ кој ќе поминува гасоводот. Се зборува дека ќе има и солиден награден фонд. Факт е дека во Лигата на шампионите десет тима ги вртат парите и играчите меѓу себе – изјави претседателот Драган Џаиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top