| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во Булачани: Жена била нападната дома, врзана за стол и мачена

zena vrzana

Четириест и три годишна жена од скопското село Булачани, била нападната во својот дом од непознат разбојник, кој ја расекол со нож кога му се спротиставила. Насилникот потоа ја однел во гаражата каде ја врзал за стол и ја мачел се додека не му кажала каде има ги крие парите.

Според полицијата настанот се случил вчера околу 8 часот, во село Булачани, скопско, непознат сторител влегол во куќата на С.С.(52), а во која во моментот била неговата сопруга Ј.С.(43) по што физички ја нападнал, а откако Ј.С. се обидела да му го одземе ножот, сторителот и нанел расекотини во пределот на раката. По ова, ја однел во гаражата каде ја врзал и продолжил физички да ја малтретира, барајќи од неа пари, по што пронашол и одзел 10.000 евра и 90.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top