
Идните избори, кога и да се, ќе значат не само победа за владејачката партија и коалиција, туку најголема победа ќе биде тоа бидејќи на другата страна нема понуда, вели новинарката Мирка Велиновска во емисијата на Јанко Илковски на Сител 3.
Велиновска во изјава за Курир го образложува својот став и прогнозата за следните претседателски и парламентарни избори:
-Во моментов во Македонија нема политичка понуда алтернативна на оваа. Таа масимално ги допира сите слоеви на општетството и најшироките интереси. Таква конкурентна програма на другата страна немаме. Со оглед на тоа, идните избори, кога и да се, ќе значат не само победа за владејачката партија и коалиција, туку најголема победа ќе биде тоа бидејќи на другата страна нема целосна понуда. Опозиција во Македонија, еднаш треба да сфатиме, нема! Тоа е политичка група, мала, ситна, со ограничени можности која сака да дојде на власт по пат на странска интервенција. Ништо друго нема. Тоа е програмата, вели Велиновска.
Овие потези кои ги направи актуелната влада, со Кина, со гасификацијата, со Индија, со другите држави и компании кои ќе инвестираат во македонски капацитети, доколку тоа продолжи и продолжи грижата за граѓаните како што досега беше, преку социјални и секакви програми, според Велиновска, победата ќе биде максимална.
Владејачката партија ја има фиксирано довербата кај граѓаните на точки кои се најважни и во интерес на сите нас.
Главните точки што го интересираат граѓанинот во Македонија е да има-стабилна, одржлива држава и националните интереси да му бидат задоволени. Тие се точките на кои оваа владејачка партија, ја има фиксирано довербата кај граѓаните.
– Се додека тоа го работи, а на друга страна нема понуда, нормално дека ќе носи победа. Македонија денеска, по мене, е постабилна од било кога, во однос на безбедноста. Штом граѓанинот не се залажува по туѓи пропаганди, тоа значи дека си верува на оној на кому ја доверил власта.
Владејачката партија на следните избори, ќе освои најголем број на пратеници досега, повеќе од што експертите досега предвидуваа, истакнува Велиновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


