Менаџерот на Челси Жозе Мурињо уште еднаш го оправда епитетот – специјалниот или посебен, откако за време на денешната прес конференција за натпреварот против Стеауа, тој му ја подари неговата маица на преведувачот.
Мурињо бил видно расположен па во еден момент додека преведувачот се заморил од зборување, Португалецот му се обратил:
– Извини не знаев дека е толку напорно. Кој го плаќа преведувачот? Ние од Челси? Зголемете му ја платата, денеска се изнаработи – рече Мурињо во негов стил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


