Македонците денеска почнаа да слушаат во боја. „Радио Слободна Македонија“ утринава, во 7 часот, го означи почетокот на своето посотење. 24 програма, вести на секој час, емисии, гост во студио… Викса и Елена ќе ни го овозможат „Утринскиот поглед“, на „Вртелешка“ ќе се „вртиме“ со Весна Бејби Петрушевска, а наш пријател во ноќта ќе биде Марин Бабиќ, кој ќе ни прави друштво од 22 часот. Децата ќе ги дружи Ивце Пивце со неговата „Весела дружина“, секоја недела од 10 часот.
Бекстејџ радиоедиција, „Бројки“ со Мерсовска во петок од 17 часот, „Ретровизија“ во среда навечер со Рубенс Муратовски, „ФМ Врева“ со Елена се само дел од содржините на „Радио Слободна Македонија“, кое може да го следите на следниве фреквенции: Скопје 96.0 fm, Велес 91.5 fm, Штип 96.6 fm, Охрид и Струга 89.9 fm, Кичево 94.3 fm, Тетово и Гостивар 90.0 fm, Дебар 98.9 fm, Кавадарци и Неготино 92.5 fm, Струмица 89.9 fm, Прилеп 89.9 fm, Крива Паланка 91.3 fm, Радовиш 89.4 fm, Кочани 95.0 fm, Битола 95.8 fm, Гевгелија 97.7 fm
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


