| четврток, 6 декември 2018 |

Џулија Робертс бремена на 47 години?

Холивудската глумица Џулија Робертс во изминатите денови се појави во јавноста со зголемен стомак, а тоа беше причина веднаш да почнат претпоставките дека таа го очекува нејзиното четврто дете.

Робертс стана мета на озборување од јавноста поради наводната бременост со нејзиниот партнер Даниел Модер со кого е во брак од 2002. година, со кого ги има шестгодишниот Хенри и деветгодишните близнаци Пинеус и Хејзеј.

За ваквите тврдења допринесе изразениот стомак на познатата глумица.

Неодамна Џулија откри дека поради децата таа не сака да снима повеќе од еден филм годишно, бидејќи сака да поминува повеќе време со нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top