Добротворен традиционален концерт на инструментот орган ќе се одржи денеска во Католичката црква во Скопје по повод католичкиот Божик.
Хуманитарниот концерт е во организација на Италијанската амбасада, а гостинка ќе биде италијанската органистка Ливија Мацанти. На програмата се дела од Бах, Пеголези, Кагел и Виере.
Влезот е слободен, а добротворните прилози ќе бидат донирани на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.