Галатасарај и Јувентус ќе го доиграат последниот меч од фазата по групи утре од 14 часот, откако синоќа поради обилен снег дуелот беше прекинат по 31 минута.
Првично беше објавено дека продолжението од дуелот ќе почне во 13 часот, но сепак дојде до поместување од еден час, па стартот е закажан за денеска од 14 часот.
Според правилата на УЕФА ќе се играат преостанатите 59 минути, секако со вообичаеното судиско продолжение. До прекинот резултатот беше 0-0. Галатасарај мора да победи ако сака да го освои второто место во Б групата, а на Јувентус му одговара и нерешен резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.