| четврток, 6 декември 2018 |

Три пенали за Олимпијакос, три црвени картони за Андерлехт (видео)

Пеналите се за Олимпијакос, а црвените картони ги добиваа играчите на Андерлехт, во последната меѓусебна пресметка од Лигата на шампионите во Атина. Чуден тек имаше мечот што значеше „да се биде или не“ за Олимпијакос, а немаше речиси никакво значение за гостите од Брисел.

Германецот Волфганг Штарк дури 3 пати покажа на белата точка и сите пенали беа за домашниот тим, а ги распредели црвените картони, исто така три за екипата на Андерлехт. За да биде уште почудно фудбалерите на Олимпијакос промашија двапати од 11 метри, а неуспешни пеналџии беа Савиола и Вајс. Конечно во третиот обид погоди Домингес за да ја запечати победата на грчкиот претставник, вредна пласман во нокаут фазата.

Кај Андерлехт црвени картони добија Којате, Н`Сакала и голманот Прото.


All Goals Olympiakos 3-1 Anderlecht – 10-12… by video4all

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top