| четврток, 6 декември 2018 |

Источниот и Западниот брег во потрага по филм на годината

must-see-movies-2013Филмовите „Gravity“ и „Her“ се најдобрите филмови на 2013 година, избраа Здружението на критичари од Лос Анџелес. Истовремено ги прогласи Брус Дерн, Кејт Бланшет и француската глумица Адел Ексаркопулос за најдобри глумци.

Минатата недела критичарите од Њујорк го избраа филмот „America Hustle“ за најдобар во 2013 година, а Бланшет за најдобра глумица.

Националниот одбор на критичарите (National Board of Review) го прогласи филмот на Спајк Џонс „Her“ за најдобар филм. Наградата за најдобро сценарио отиде во рацете на режисерот Ричард Линклатер и глумецот Џули Делпи и Итан Хоук во филмот „Before midnight“. Брус Дерн доби награда за улогата во филмот на Александар Пејн „Nebraska“. За најдобри глумциисе прогласени Кејт Бланшет („Blue Jasmine“) и Адел Ексаркопулос (Blue is the warmest color).
„Blue is the warmest color“ доби и награда за најдобар странски филм, а ова француско остварување беше и победник на фестивалот во Кан.

Две награди се поделени во категоријата на најдобра споредна машка улога – Џаред Лето за улогата на транссексуалец во „Dallas Buyers club“ и Џејмс Франко за улогата на дилер во „Spring breakers“. Lupita Nyong’o ја доби наградата за најдобра споредна женска улога во филмот „12 years a slave“.

За најдобар документарец е прогласен канадскиот филм за митот, помнењето и семејните приказни „Stories we tell“, додека пак најдобар анимиран филм е „Ernest & Celestine“.

Бостонското здружение на филмски критичари и Њујоршките онлајн критичари го прогласиле филмот „12 years a slave“ за најдобар филм во 2013 година, а со тоа на филмот му се зголемени шансите за Оскар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top