Балкан Енерџи Груп АД Скопје (БЕГ) бара до надлежните органи дозвола за вградување на нови два сервиса и промена на режимот на испорака на топлина.
Се предлага испорака на топлина наутро со ноќно предгревање на топловодната мрежа со што сите крисници ќе добијат еднаков квалитет на топлина во исто време, без разлика на кој дел од мрежата се лоцирани, како и продолжена испорака на топлина до корисниците за дополнителни два часа навечер.
Како што се наведува во соопштението од БЕГ, барањето следи по позитивните реакции на едногодишниот пилот проект спроведен во населбите Аеродром, Кисела Вода, Лисиче и дел од Центар.
– Реакциите од нашите потрошувачи во однос на изменетиот и подобрен режим на испорака на топлина се искучително позитивни и преставуваат основ за превземање нови чекори во насока на понатамошно подобрување на квалитетот на услугите кои ги нуди БЕГ, се вели во соопштението од Балкан Енерџи Груп АД Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.