| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев: Немаме избор, мораме да победиме

SSC Napoli vs CFC Genoa 1893

Горан Пандев во пресрет на утрешниот натпревар од лигата на шампионите против екипата на Арсенал на официјалниот прес пред натпреварот изјави дека:
– Тие се најдобри во Англија и се на врвот на табелата. Наполи нема избор и мора да победи на утрешниот натпревар без оглед дека играме против одличен тим. Нас не не интересира исходот од другите натпревари. Бодовите мора да останат во Неапол – изјави Горан Пандев.

– Тренерот Рафа Бенитез има голема доверба во мене. Во моментов притисокот врз напаѓачите е мал. Воопшто не е важно кој ќе постигне гол на утрешниот натпревар – додаде Пандев.

Пандев е стрелец на три гола на последните два меча за неговиот тим Наполи и се очекува утрешниот натпревар да го започне од првата минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top