ВМРО-ДПМНЕ смета дека чинот на оштетување на споменикот, поставен на Мостот на цивилизациите, е вандализам и смета дека сите што учествувале во овој вандалски чин треба да сносат своја одговорност. Институциите, како што наведува во соопштението владејачката партија, треба да постапат согласно законот што го дефинира ова прашање.
Наметнувањето на дебата околу процедурата на поставувањето не смее да биде алиби и оправдување за какво било насилство или вандализам и да затскрие нечие неодговорно и нецивилизирано однесување на Мостот на цивилизациите, сметаат од партијата и нагласуваат дека споредбата со други случаи низ светот е дегутантна.
Од владејачката партија истакнуваат дека сите етнички заедници се должни да ги почитуваат културните и национални одбележја на останатите заедници бидејќи, како што велат, постапувањето со вандализам кон едните ќе повлече вандализам и кон другите.
ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат од партијата, ја разбира целта на поставувањето на споменици на личности од различни цивилизации и периоди (антички, словенски, византиски, римски, христијански, албански, српски и други), личности кои потекнуваат од различни културолошки и етнички идентитети, токму заради тоа што во Археолошкиот музеј се наоѓаат артефакти, кои овие личности ги оставиле зад себе на територијата на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


