Велибор Џаровски Џаро е сигурен и за хрватски „Индекс“ вели дека ждрепката за Светското првенство во Бразил е наместена. Сомневања имаше веднаш по извлекувањето на групите, а Џаро нема дилеми.
„Во најлесните групи се Швајцарија и Франција, поради Сеп Блатер и Мишел Платини кои се од тие две земји, а се претседатели на ФИФА, односно на УЕФА. За противници во групата ги добија слабиот Еквадор и уште послабиот Хондурас. Мислите дека тоа е случајно? Не, сигурен сум дека ждрепката е наместена и тоа милион посто“, вели Џаровски.
Принципот е веќе познат, а Џаро вели дека знае како се мести.
„Нема полесно од местење групи на извлекување. Едното топче треба да биде потопло и потешко од останатите и потоа се си оди како што посакувате. Знам како се прави тоа, па и јас сум местел при извлекувањето на двојките во македонскиот фудбалски куп“, додава Џаровски.
Слични шпекулации и сомнежи имаше и при ждрепката за Лигата на шампионите, кога се случи чудо, па составот на групите беше идентичен на тие од пробата претходниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


