| четврток, 6 декември 2018 |

„Република.мк“ веб-сајт на годината за 2013

„Република.мк“ ја доби наградата „Сајт на годината“ на денешното прогласување на победниците, кое се одржа по четврти пат, со цел да се популаризира македонскиот веб-простор преку афирмација на најквалитетните, највпечатливите и на најиновативните портали. Тоа е сајтот што ја одбележа 2013 година во Македонија.

– Интернет-порталот „Република“ (republika.mk) се закити со највредното признание на изборот за „Сајт на годината“ во Македонија што денеска се одржа во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје. Во конкуренција од над 500 домашни веб-адреси номинирани од публиката њуз-порталот на печатениот магазин „Република“ се искачи на врвната позиција – посочи организаторот.

– Интернет-технологиjата и веб-страниците денес несомнено се алатка што овозможува наjбрза и наjефективна комуникациjа, пренос и презентациjа на информации и содржини. Досегашните манифестации, вклучително и годинешнава, потврдуваат дека Република Македониjа не заостанува зад светските трендови и иновации во сферата на веб-технологиjата. Македонските саjтови според квалитетот, дизаjнот и функционалноста заслужуваат наjвисоки оценки – истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, во писмото со поддршка на „Сајт на годината“

При изборот на најдобрите веб-страници за 2013 се земаа предвид гласовите од интернет-посетителите (40 проценти) и на жири-комисијата (60 отсто). Селектирајќи од номинациите за кои одлучува публиката, финалниот изглед на списокот со најдобри домашни интернет-адреси го составува жири-комисијата. Таа ги зема предвид следниве параметри: техничка изработка, дизајн, функционалност, содржина, интерактивност и иновативност, односно креативност.

– Целта на „Сајт на годината“ е да ги истакне најдобрите и да ги поттикне сите што се вклучени во создавањето на што поквалитетен македонски веб-простор. Намерата е тој да се развива и на тој начин да стане конкурентен на регионалниот, но и на светскиот пазар. Интернетот полека, но сигурно, станува неразделна компонента од секој сегмент од општествениот живот, а „Сајт на годината“ се обидува да им оддаде признание на сите кои со своите идеи и реализација го држат македонскиот веб-пазар во чекор со останатите – истакнаа од „Медиа солушнс“, компанијата која заедно со системот за онлајн-реклами keepaneye.mk четврти пат ја организираа манифестацијата.

Претседател на жири-комисијата годинава беше магистерот по бизнис-менаџмент, Алберт Муслиу, кој е и извршен директор на Асоцијацијата на демократски иницијативи. Оваа организација е со седиште во Република Македонија и има канцеларии во четири земји од Југоисточна Европа. Членови на жирито се и: Гораст Цветковски, актер по професија, како и пасиониран програмер и веб-дизајнер и „зависник“ од видеоигри; Кире Трајковски, дипломиран инженер по информатика со над 16-годишно искуство во новите медиуми и интернет маркетинг-индустријата, а од 2011 година сопственик е на агенцијата „Вертиго НМЕ“; Мики Стефаноски, мултидисциплиниран графички дизајнер искуство подолго од една деценија и арт-директор во маркетинг-агенцијата Saatchi & Saatchi; Никола Анчевски, медиа-директор во Direct Media, генерален секретар на ИАБ Македонија и член на жирито на Superbrands.

 

Еве како изгледа листата по категории:

Најдобар сајт за 2013 година според жири и гласови

3. место „Офф.нет.мк“

2. место „Фемина.мк“

1. место „Република.мк“

Најдобар блог

3. место „Се за храна“

2. место „Кулинар“

1. место „Карас4тренинг“

Најдобар спортски сајт

3. место „24 фудбал“

2. место „Дерби.мк“

1. место „Екипа.мк“

Најдобар сајт за невладини организации

3. место „Борка.орг.мк“

2. место „ГЛМ.орг.мк“

1. место „Моф.мк“

Најдобар сајт за образование

3. место „Данаучиме.мк“

2. место „Факултети.мк“

1. место „Сакамкниги.мк“

Најдобар сајт за државни институции

3. место „Услуги

2. место „Влада

1. место „ УЈП.гов.мк“

Најдобар мобилен сајт

3. место „м.он. нет.мк“

2. место „м.тмобиле.мк“

1. место „м.кајгана.ком“

Најдобар бизнис корпоративен сајт

3. место „Еленалука.мк“

2. место „Т-мобиле.мк“

1. место „Вип.мк“

Најдобар бизнис информативен сајт

3. место „Фактор.мк“

2. место „Капитал.мк“

1. место „Вработување.ком.мк

Најдобар сајт за е-трговија

3. место „Пазар3.мк“

2. место „Купикартизасе.ком“

1. место „Групер.мк“

Најдобар забавен сајт

3. место „Мотика.ком.мк“

2. место „Централа.мк“

1. место „Офф.нет.мк“

Најдобар информативен сајт

3. место „Алмакос.ком“

2. место „Факултети.мк“

1. место „Новатв.мк“

Најдобар најиновативен сајт

3. место „Данаучиме.мк“

2. место „Факултети.мк“

1. место „Бидитаму.мк“

Најпопуларен сајт 

Факултети.мк

Најдобар сајт според дизајн

3. место „Факултети.мк“

2. место „Офф.нет.мк“

1. место „Централа.мк“

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top