| четврток, 6 декември 2018 |

Турција: Приведени 56 лица за фалсификување лекови

Турската полиција приведе 56 лица во операција, извршена во исто време во девет турски окрузи, против група која се занимавала со производство и фалсификување лекови, јави БТА.

Фалсификуваните лекови „против канцерогени заболувања“, биле произведувани во истанбулскиот кварт Багџалар, а од магацин во квартот Фатих биле распространувани преку дистрибутери во целата земја.

Во операцијата биле запленети големи количини лекови.

Само во Истанбул биле приведени 37 лица.

Полицијата продолжува извршување на операцијата и бројот на приведените, најверојатно, ќе се зголеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top