| четврток, 6 декември 2018 |

Крањска Гора: ски-цен­тар за си­те вљу­бе­ни­ци во сне­гот и во мра­зот

Во под­нож­је­то на Крањ­ска Го­ра има сѐ што му е по­треб­но на еден ски-цен­тар – ме­сто за из­нај­му­ва­ње опре­ма, ски-шко­ли, го­лем број ре­сто­ра­ни и ка­фе-ба­ро­ви, мно­гу сме­сту­вач­ки ка­па­ци­те­ти. По­ну­да­та е огром­на, ка­ко за зи­ма, та­ка и за ле­то. Крањ­ска Го­ра се на­о­ѓа во се­ве­ро­за­пад­ни­от дел на Сло­ве­ни­ја, мно­гу бли­зу до Ита­ли­ја и до Ав­стри­ја, та­ка што Сло­вен­ци­те мно­гу че­сто има­ат го­сти на ски­ја­ње од овие европ­ски зем­ји

Kranjska_gora_pozimi_02

Крањ­ска Го­ра е нај­поз­на­ти­от сло­ве­неч­ки ски-цен­тар. Има дол­га тра­ди­ци­ја, по­себ­но за­тоа што се­ко­ја го­ди­на Крањ­ска Го­ра е до­ма­ќин на тр­ки од Свет­ски­от куп (СК) во алп­ско ски­ја­ње. Ток­му по­ра­ди тоа е и нај­раз­ви­ен ски­јач­ки цен­тар во ре­ги­о­нот. Има од­лич­на ин­фра­стру­кту­ра и мно­гу до­бра по­ну­да, што го пра­ви ин­те­ре­сен за ту­ри­сти­те. По­го­ле­ми­от дел од па­те­ки­те за ски­ја­ње се лес­ни и ши­ро­ки, но на Крањ­ска Го­ра мо­же да ужи­ва­ат и тие што ба­ра­ат воз­бу­да во ек­стрем­ни па­те­ки – тоа е па­те­ка­та По­тко­рен.

Освен по тр­ки­те во СК, Крањ­ска Го­ра мо­же да се по­фа­ли де­ка ту­ка се одр­жу­ва­ат и нат­пре­ва­ри­те во ски­јач­ки ско­ко­ви во СК, на Пла­ни­ца.

Овој сло­ве­неч­ки цен­тар има при­ро­ден снег од де­кем­ври до крај на март.

Во под­нож­је­то на Крањ­ска Го­ра има сѐ што му е по­треб­но на еден ски-цен­тар – ме­сто за из­нај­му­ва­ње опре­ма, ски-шко­ли, го­лем број ре­сто­ра­ни и ка­фе-ба­ро­ви, сме­сту­вач­ки ка­па­ци­те­ти. По­ну­да­та е огром­на, ка­ко за зи­ма, та­ка и за ле­то.

Крањ­ска Го­ра се на­о­ѓа во се­ве­ро­за­пад­ни­от дел на Сло­ве­ни­ја, мно­гу бли­зу до Ита­ли­ја и до Ав­стри­ја, та­ка што Сло­вен­ци­те мно­гу че­сто има­ат го­сти на ски­ја­ње од овие европ­ски зем­ји.

На Крањ­ска Го­ра има 13 ски-ли­фто­ви и пет жич­ни­ци што им се на рас­по­ла­га­ње на по­се­ти­те­ли­те. Од пет­те жич­ни­ци, три се че­ти­ри­се­ди.

Што ну­ди ски­јач­ки­от цен­тар?

Kranjska-gora-opening-2011

Овој ски­јач­ки цен­тар има од­лич­ни по­ну­ди, ка­ко за по­чет­ни­ци­те, та­ка и за од­лич­ни­те ски­ја­чи и ви­стин­ски вљу­бе­ни­ци во зи­ма­та и во зим­ски­те спор­то­ви. Нај­до­бри­те те­ре­ни за тие што прв­пат за­ста­ну­ва­ат на скии или, пак, на шти­ца за ски­ја­ње се на­о­ѓа­ат на кра­јот од се­ло­то Крањ­ска Го­ра. Си­те тие што дош­ле во Сло­ве­ни­ја да ужи­ва­ат во уба­ви­ни­те на Ал­пи­те, а не са­ка­ат да ски­ја­ат, ова ме­сто е од­лич­но за про­ше­тки и за ужи­ва­ње во чист пла­нин­ски воз­дух. Ту­ка мо­же да ги гле­да­ат сво­и­те нај­ма­ли ка­ко ги учат пр­ви­те че­ко­ри на скии, или, пак, ед­но­став­но, да ужи­ва­ат во чај, ка­фе или до­маш­но под­го­тве­на чор­ба. Во се­ло­то има и парк за де­ца. Ту­ка, исто та­ка, мо­же да се из­нај­ми опре­ма за ски­ја­ње. Ту­ка се ста­ци­о­ни­ра­ни и ски-шко­ли­те за по­чет­ни­ци.

За да стиг­не­те до ме­сто­то По­тко­рен, ка­де што се по­стрм­ни­те па­те­ки за по­и­скус­ни­те ски­ја­чи, на рас­по­ла­га­ње има­те три ски-ли­фта и ед­на жич­ни­ца (дво­сед). Ко­га ќе се иска­чи­те го­ре, по на­пор­но­то ски­ја­ње мо­же да се от­пу­шти­те во мно­гу уба­ви­от ка­фе-бар „Пех­та“, ка­де што има и игра­ли­ште за де­ца.

По­чет­ни­ци­те и пом­ла­ди­те ски­ја­чи мо­же да ги од­бе­рат ски-ли­фто­ви­те Ке­кец, Мој­ца, Рож­ле, Тин­ка­ра, Пех­та, кои се име­ну­ва­ни по ли­ко­ви од поз­на­ти пла­нин­ски при­каз­ни на сло­ве­неч­ки­от пи­са­тел за де­ца Јо­сип Ван­дот.

Ина­ку, на па­те­ка­та По­тко­рен се­ко­ја го­ди­на се одр­жу­ва­ат тр­ки­те во сла­лом и во ве­лес­ла­лом од СК. Тоа зна­чи де­ка нај­до­бри­те ски­ја­чи до све­тот се­ко­ја го­ди­на до­а­ѓа­ат во Сло­ве­ни­ја да се нат­пре­ва­ру­ва­ат. Би­деј­ќи тр­ки­те од СК во Крањ­ска Го­ра се во март, на кра­јот од се­зо­на­та, мно­гу че­сто се слу­чу­ва ток­му ту­ка, на ова ме­сто да се де­лат кри­стал­ни­те гло­бу­си за нај­до­бри­те ски­ја­чи во све­тот. Кри­стал­ни­те гло­бу­си се де­лат за се­ко­ја алп­ска дис­цип­ли­на по­себ­но, а за нај­до­бри­те во вкуп­ни­от ге­не­ра­лен плас­ман во СК, исто та­ка, се до­де­лу­ва го­лем кри­ста­лен гло­бус.

Kranjska-gora4

Крањ­ска Го­ра има и сне­жен парк, ка­де што на­ве­чер се одр­жу­ва­ат ноќ­ни тр­ки. По­себ­ност на Крањ­ска Го­ра е еским­ско­то се­ло, кое се на­о­ѓа вед­наш до ски­јач­ки­те па­те­ки.

Сме­сту­ва­ње­то е во хо­те­ли, при­ват­ни со­би и во апарт­ма­ни, а има и хо­сте­ли. Има раз­лич­ни хо­те­ли – од тие со две ѕвез­дич­ки, па сѐ до лу­ксуз­ни­те – со пет ѕвез­дич­ки.

По­лу­ксуз­ни­те хо­те­ли во сво­ја­та по­ну­да има­ат и вел­нес цен­три, кои ну­дат ре­ла­кса­ци­ја и ре­кре­а­ци­ја и ба­зе­ни. При­ват­но­то сме­сту­ва­ње има ши­ро­ка ле­пе­за по­ну­ди – од ед­но­кре­вет­ни, дво­кре­вет­ни и три­кре­вет­ни со­би, до апарт­ма­ни за шест-се­дум ли­ца, со или без по­ја­док. Во си­те сме­сту­вач­ки ка­па­ци­те­ти има ин­тер­нет, ка­бел­ска те­ле­ви­зи­ја, сопс­тве­на ба­ња, куј­на… Раз­ли­ка­та, се раз­би­ра, е во це­ни­те. По­го­ле­ми­от број од хо­те­ли­те и од при­ват­ни­те апарт­ма­ни се сме­сте­ни во бли­зи­на на ски­јач­ки­те па­те­ки.

Ски­ја­ње, крос-кон­три, умет­нич­ко лиз­га­ње, иска­чу­ва­ње на мраз…

ескимско село

Крањ­ска го­ра е ви­стин­ски зим­ски рај и ту­ка се­кој ќе нај­де не­што за се­бе. Тие што не ски­ја­ат, мо­жат да ужи­ва­ат во дол­ги­те про­ше­тки, љу­би­те­ли­те на умет­нич­ко лиз­га­ње има­ат мож­ност за из­нај­мат лиз­гал­ки и да лиз­га­ат на мраз, по­тоа има крос-кон­три ски­ја­ње, иска­чу­ва­ње на мраз…

На­ве­чер ра­бо­тат ка­зи­на­та, а има без­број ме­ста за за­ба­ва. Ре­сто­ра­ни, про­дав­ни­ци, ба­ро­ви, ба­зе­ни, ба­њи со тер­мал­на во­да… Се е до­стап­но и мно­гу бли­зу. На при­мер, езе­ро­то Јас­на е на де­се­ти­на ми­ну­ти пе­ша­че­ње од цен­та­рот на гра­дот. За да ста­са­те до се­ло­то Ра­те­че, по­треб­но ви е кра­тко во­зе­ње со авто­мо­бил. Ток­му ова се­ло е во под­нож­је­то на Пла­ни­ца, ка­де што е па­те­ка­та за ски-ско­ко­ви. Ра­те­че е жи­во­пис­но се­ло, кое е цен­тар на крос-кон­три ски­ја­ње­то.

На пр­ви де­кем­ври, во Крањ­ска Го­ра поч­ну­ва да ра­бо­ти Ле­де­ни­от парк, кој ќе би­де за­тво­рен на 28 фе­вру­а­ри ид­на­та, 2014 го­ди­на. Пар­кот ќе би­де ло­ци­ран во ша­тор, зад хо­те­лот „Ла­рикс“.  Скулп­ту­ри­те од мраз се ед­ни од нај­поз­на­ти­те ек­стра­ва­гант­ни и уни­кат­ни умет­нич­ки де­ла, единс­тве­ни по сво­ја­та фор­ма. Бу­квал­но, тоа е ед­на иде­ја на­пра­ве­на во во­да. Овие скулп­ту­ри ги изра­бо­ту­ва ед­на ком­па­ни­ја од Сло­ве­ни­ја и се­ко­ја од нив е рач­но изра­бо­те­на и има уни­ка­тен ди­зајн. Ком­па­ни­ја мо­же да ви изра­бо­ти и скулп­ту­ра по ва­ша жел­ба.

kulski kekc

Крањ­ска Го­ра ну­ди бо­гат из­бор на ку­ли­нар­ски спе­ци­ја­ли­те­ти, а по­се­бен ак­цент се ста­ва на тра­ди­ци­о­нал­на­та сло­ве­неч­ка куј­на. Мно­гу­ми­на од ло­кал­ни­те жи­те­ли се за­ни­ма­ва­ат со ку­ли­нарс­тво, сѐ со цел на го­сти­те да им ја по­ну­дат ви­стин­ска­та сло­ве­неч­ка куј­на и на сво­и­те ја­де­ња им да­ва­ат шмек на до­маш­но при­го­тве­на хра­на. Но, на ме­ни­ја­та има и ита­ли­јан­ски, гер­ман­ски и ав­стри­ски спе­ци­ја­ли­те­ти, ка­ко и спе­ци­ја­ли­те­ти од ри­ба и ин­тер­на­ци­о­нал­на куј­на.

По­сто­јат и спе­ци­ја­ли­зи­ра­ни ре­сто­ра­ни, кои ги ну­дат и нај­до­бри­те сло­ве­неч­ки ви­на и же­сто­ки пи­ја­ла­ци. Ако сте во Сло­ве­ни­ја, ни­ка­ко не про­пу­штај­те ја мож­но­ста да про­ба­те до­маш­на ра­ки­ја или ра­ки­ја од бо­ро­вин­ка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top