| четврток, 6 декември 2018 |

Косово: ЦИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово синоќа ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори. ЦИК ги објави конечните резултати од гласањето во 38 општини, вклучително и на оние во кои градоначалниците се избрани во првиот круг.

Демократската партија на Косово освои 11 општини, но со оглед дека ЕУЛЕКС го одби барањето, Сами Љуштаку да положи заклетва пред одборниците на општина Србица како победник на Србица како победник на локалните избори, партија победи во десет општини.

Во општина Србица во рок од 45 дена е потребно повторно да се одржат избори бидејќи Љуштаку е во притвор под сомнение дека извршил воени злосторства. Демократскиот сојуз на Косово освои девет општини, Граѓанската иницијатива „Српска“ освои осум општини, Алијанса за иднината на Косово – три, а Алијанса за Ново Косово – две општини.

По една општина освоија Самоопределување, Турска демократска партија, Граѓанска иницијатива за Малишево и Самостојна либерална партија.

Во општина Партеш в недела на 15 декември ќе се повторат изборите на три гласачки места, кога ќе се знае победникот – кандидатот на Граѓанската иницијатива „Српска“ или Самостојна либерална партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top