| четврток, 6 декември 2018 |

„Фрајле“: Преработивме изворна македонска песна

Девојките од новосадскиот бенд „Фрајле“ овој викенд гостуваа на Винскиот фестивал во Скопје.

Пред камерата на „Република“ откриваат дека после успехот кој го постигнаа со прерадботката на „Чукни во дрво“ од „Леб и сол“ решиле да преработат уште една македонска песна. Овојпат, четирите девојки се одлучија за стара изворна македонска песна, која би звучела помодерно во нивниот акустичен стил на изведба.

„Фрајле“ уживаат во македонското гостопримство, виното и храната – македонската публика, пак, ужива во нивните настапи. За нивниот нареден албум, идните планови и за тоа што всушност значи „Фрајле“, погледнете го комплетното интервју на „Република ТВ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top