Австралиски државјанин е осуден на 30 години затвор откако властите на САД утврдија дека тој и неговиот партнер им дозволиле на најмалку осум мажи да имаат секс за пари со нивното посвоено момче.
Австралијанецот (36) во февруари годинава призна дека е виновен за сексуална експлоатација на дете и за поседување на детска порнографија.
Неговиот партнер, 42-годишниот Американец, кој живеел во Австралија, во јуни е осуден на максимална казна од 40 години затвор. И тој е прогласен за виновен за сексуална експлоатација на дете.
Двајцата мажи заедно се од крајот на 90-тите години од минатиот век и почнале да бараат дете за посвојување. Тие со детето живееле во Калифорнија. За посвојување на момчето и платиле 8.000 долари на разведената мајка. Детето било на возраст од две до шест години кога од осум мажи било злоставувано. Тие беа уапсени минатата година во Лос Анџелес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија


