| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ се вклучи во трката за Гундоган

Илкај Гундоган е еден од најперспективните и потенцијални најдобри фудбалери за врска во Европа, а тоа никако не може да помине незабележано.

Како што веќе е познато, во изминатите години од тимот на Борусија си заминуваат одлични фудбалери, а Гундоган би можел да биде следен на листата. За него веќе подолго време се интересираат Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Арсенал, а во трката за 23-годишниот фудбалер сега се приклучи и францускиот шампион ПСЖ.

Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс Вак, изјави дека клубот ќе направи сѐ само за да го задржи Гундоган во Дортмунд и со него да потпише нов договор, но откако од тимот си замина Геце, а Левандовски и Хумелс најавија заминување, тоа ќе биде тешко за остварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top