Поранешниот албански премиер, Сали Бериша и уште неколку министри од неговото време ќе бидат наскоро уапсени поради корупција и оштетување на државната каса. Оваа го тврдат медиумите во Тирана кои додаваат дека за неговото апсење актуелната социјалистичка владата во Тирана веќе добила зелено светло и од Брисел, пренесе Макфакс.
Подготовките за апсење на Бериша се при крај и тоа поради големи коруптивни активности на сега екс премиерот и неговите соработници. Бериша се обвинува дека лично, но и преку членови на неговото семејство има приграбено големи парични средства. Истите извори наведуваат дека Брисел отворена побарал од премиерот, Еди Рама, да превзема мерки за сите оние кои спроведувале корупција и криминал во земјата.
Во понеделникот Министерката за одбрана на Албанија, Мими Кодели, информираше дека таа веќе има доставено кривична пријава против нејзиниот претходник Арбен Имами, поради сомнение дека со повеќе милиони евра ја оштетил земјата преку продажба на недвижности што ги користела албанската армија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.