| четврток, 6 декември 2018 |

Партијата на Меркел ќе коалицира со социјалдемократите

Демохристијанската партија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел денеска со два воздржани гласа и ниту еден против гласаше за коалицискиот договор со Социјалдемократската партија (СПД) и со „сестринската“
Христијанско-демократска унија (ЦСУ).

Владата на „широка коалиција“ би требало да биде формирана пред Божиќ.

За толку големиот процент на согласност во партијата, аналитичарите сметаат дека тоа е знак дека Меркел својата партија ја држи во сигурни раце.

ЦСУ веќе даде согласност за „широка коалиција“, а планирано е в сабота официјално да биде објавен резултатот од гласањето на половина милионското членство на СПД, и доколку критички расположените социјалдемократи исто така се изјаснат позитивно, тогаш на 16декември Меркел, шефот на ЦСУ, Хорст Зехофер и лидерот на СПД, Зигмар Габиелом,
дефинитивно ќе го потпишат коалицискиот договор.

Еден ден подоцна Меркел во Бундестагот ќе биде избрана за канцелар, што ќе претставува нејзин трет мандат на оваа функција.

Меркел денеска призна дека коалициските преговори за формирање влада со социјалдемократите воопшто не биле едноставни за нејзината партија, туку со многу компромиси, притоа изразувајќи жалење што либералите на изборите во септември не успеале да влезат во Парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top