| четврток, 6 декември 2018 |

Јанукович ќе преговара со опозицијата

Украинскиот претседател, Виктор Јанукович, ѝ предложи денеска на опозицијата да седнат на преговарачка маса по неколку неделните антивладини протести во земјата.

Тој го поддржа предлогот на поранешниот шеф на државата Леонид Кравчук, нагласувајќи дека „тоа може да биде основа за разбирање“.

Лидерот на опозициската партија „УДАР“ и боксерски шампион, Виталиј Кличко, денеска изјави дека тој и другите опозициски лидери се подготвени на разговори за компромис со шефот на државата.

Јанукович, утре ќе оствари средба со тројцата поранешни украински претседатели: Леонид Кравчук, Леонид Кучма и Виктор Јушченко, со цел да се најде компромис со опозицијата.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, ќе отпатува утре во дводневна посета на Украина, потврдено е од Европската комисија.

– Се очекува Ештон да се сретне со лидерите на двете страни, како и со претставници на цивилното општество – истакна на прес-конференција портпарол на ЕК.

Претходно претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, нагласи дека посетата на Ештон би требало да помогне во изнаоѓање пат за решавање на политичката криза во Украина и унапредување на дијалогот меѓу власта и опозицијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top