| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку десет загинати во судир на воз и цистерна во Џакарта

voz neserka dzakarta

Во судир на воз и цистерна што пренесувала гориво во предградие на Џакарта денеска загинаа најмалку 10 луѓе и повредени се 80.

Истрагата за несреќата што се случи во предградието Бинтаро во југозападниот дел од Џакарта е во тек.

Цистерната целосно изгорела додека возот се превртел по судирот и бил зафатен од пожар од огромната експлозија. Во возот имало 600 патници во момент на судирот. Во 1987 година во железничка несреќа загинаа 156 луѓе кога се судрија два воза, во близина на денешната несреќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top