Инцидентите во Бразил не престануваат како се приближува стартот на Светското првенство, чиј организатор е токму земјата со најмногу титули на Мундијалите, а синоќа имаше и жртви. Навивачите на Атлетико Параненсе и на Васко де Гама предизвикаа прекин со големата тепачка во која најмалку еден навивач загина, а уште еден е во кома. Мечот од последното коло во бразилското првенство беше долго во прекин, а полицијата доцна реагираше.
„Ние не бевме ангажирани да го обезбедуваме мечот. Од Атлетико си ангажираа приватно обезбедување“, изјави Адилсон Мореира, полициски офицер. Специјалните полициски сили сепак пристигнаа на стадионот и тоа како на филм со хеликоптер и по долга пресметка меѓу навивачите ја смирија ситуацијата. Предоцна, бидејќи приватното обезбедување немаше начин како да ја спречи тепачката што траеше повеќе од 10 минути.
Натпреварот беше прекинат во 27 минута при водство на Атлетико од 1-0, подоцна продолжи и заврши со победа на домаќините од 5-1. Тоа значи дека Васко де Гама, кој е гигант во бразилскиот фудбал се сели во Втората лига, заедно со Флуминензе, Понте Прета и Наутико.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“



