Познатиот каталонец Џими Џамп е познат по бројните упади на фудбалските и останатите спортски терени, своите испади нема да може да ги повтори на СП во Бразил. Тој соопшти дека поради недостаток на пари нема да патува во Бразил следната година.
Органзаторите на СП може да здивнат бидејќи Џими банкротирал.
– Мислам дека е време да се простам од упадите на терените.Нема да одам во Бразил бидејќи ги потрошив сите пари патувајќи по Европа – изјави Џими Џамп.
Џими ја стекна својата слава истрчувајќи на терените ширум Европа уште пред десетина години, но највпечатливо беше кога во финалето на европското првенство во Португалија 2004 година влезе на теренот и му стави знаме од Барселона на Луис Фиго кој направи трансфер од каталонскиот клуб во најлутиот ривал Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



