| четврток, 6 декември 2018 |

Голеада во Милано, Интер сепак нерешено (видео)

inter-500

Во последниот натпревар од 15 коло во италијанската „Сериа А“ лига Интер и Парма одиграа нерешено 3-3. Ова беше трет натпревар по ред на „нероазурите“ на кој не успеаа да ги освојат трите бода.
Серијата голови ја отвори Парма со голот на Сансоне во 11 минута. Интер се до финишот од првото полувреме не можеше да го најде патот до мрежата на противничкиот голман, но сепак преку Паласио во 44 минута израмни на 1-1. Кога се чинеше дека на полувреме ќе се отиде со овој резултат, една кардинална грешка на голманот на Интер Хандановиќ му овозможи на Пароло да ја однесе својата екипа на паузата со предност од 2-1.
Во вториот дел Интер силно тргна кон голот на противникот и со два брзи гола во 54 и 56 минута преку Паласио и Гуарин да дојде до целосен пресврт. Парма не се предаваше и повторно преку Сансоне успеа да го измрани реултатот во 59 минута.
До крајот на натпреварот двата тима имаа уште по некоја шанса, но мрежите мируваа. Најголемата шанса ја имаше Камбасо кој во судиското продолжение биеше само во притивничкиот голман од само неколку метри.

Интер се наоѓа на четвртото место на табелата зад Јувентус, Рома и Наполи.


All Goals – Inter 3-3 Parma (08-12-2013… by video4all

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top