| четврток, 6 декември 2018 |

Обама за СТО: Договор вреден стотици милиони долари

h_51133766Американскиот претседател Барак Обама го поздрави усвоениот пакет договори на Светската трговска организација (СТО – WTO) на конференција на Бали.

-Според некои проценки, глобалната економска вредност на новиот договор на СТО може да достигне стотици милијарди долари- рече Обама. Според американскиот претседател, ова е првиот вистински мултилатерален договор во дваесетгодишната историјата на СТО.

-Овој нов договор, особено Спогодбата за олеснување на трговијата, ги елиминира бирократските пречки и задржување на стоките кои одат во целиот свет. Добитници од него се малите бизниси, кои се соочуваат со најголемите тешкотии при справувањето со сложеноста на сегашниот систем- додаде Обама. Според него, договор ќе помогне да се „заживее” мултилатералниот трговски систем, кој обезбедува работни места за милиони Американци.

Договор уште мора да го одобрат владите на сите земји членки на СТО.

Постигнатиот договор, е клучен за 159-те земји членки на СТО и претставува прв глобален трговски договор од основањето на оваа организација во 1959 година. Постигнатиот договор треба да ја обнови довербата во способноста на оваа организација а ги намали царинските препреки во светската трговија, по 12 години јалови дискусии. Договорот, несомнено, ќе ги намали трговски бариери и ќе го забрза протокот на стоките преку царините.

Договорот овозможува и намалување на бирократијата на царините во целиот свет, подобрување на условите за тргување на најсиромашните земјите, а за земјите во развој да ги заобиколат „нормалните” правила за земјоделските субвенции додека се обидуваат да ги нахранат сиромашните.

Состанокот на Бали ќе остане запаметен и по тоа што немаше овојпат никакви протести против СТО, за разлика од силниот министерски состанок што се одржа во американски Сиетл пред 14 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top