| четврток, 6 декември 2018 |

Русија може да излезе од Светската трговска организација

Русија би можела да излезе од Светската трговска организација (СТО) во случај да се исполнат барањата на ЕУ за наплата на парична казна од 1,39 милијарди евра годишно од Русија, поради ограничувањето на увозот на свинско месо, рече првиот заменик-претседател на Комисијата за економија при Советот на Федерацијата на Русија, Сергеј Калашњиков.

– Санкциите воопшто не се во согласност со правилата на СТО“, изјавил тој.

Тој истакнал дека воведувањето на европските санкции против Русија и реципрочното ембарго за испорака на храна од Европската унија е апсолутно надвор од логиката на законодавството во врска со СТО.

– Ако се исполнат барањата на Европската унија, веројатно ќе треба да го ограничиме своето учество во Светската трговска организација, а можеби и во целост, рекол сенаторот.

Калашњиков истакнал дека Европејците први почнале да ги кршат правилата на СТО, користејќи политика за санкции против Русија.

Претходно „Политико“ објави дека поради ограничувањата за увоз на свинско месо, Европската унија има намера од Русија да бара 1,39 милијарди евра годишно, додека СТО веќе го упатиле барањето на Брисел кон арбитражен суд.

Изданието истакнува дека потребната компензација е еднаква на вкупната вредност на извозот на свинско месо од ЕУ во Русија за 2013 година. Планирано е казните да се зголемуваат за 15 проценти секоја година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top