Правилникот за однесување во париското метро, објавен на интернет страницата за транспортот во француската метропола се вика „Прирачник на учтивост за модерниот патник“ и содржи 12 правила за однесување внатре во метрото.
Меѓу нив има забрана за пушење и истата треба да се почитува, нагласено е да се избегнуваат гласни телефонски разговори, да се кива во марамчиња итн. 
Но има и неколку интересни, на пример да не се слуша премногу гласна музика дури и преку слушалки.
Сепак хит меѓу правилата е забраната да се зјапа во убавите жени.
Кампањата за овој правилник е проследена со прекрасни плакати. Пренесуваме дел од нив. Може да бидат корисни и кај нас, за однесувањето во јавниот превоз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








