| четврток, 6 декември 2018 |

Ибраими влезе во игра и Каљари победи

FYR Macedonia vs Bulgaria

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими влезе во игра во 58 минута за својот тим Каљари и успеа да победи во дуелот против Џенова. Џенова поведе уште во првото полувреме, но тимот на Каљари не се предаде и во вториот дел постигна два гола за целосен пресврт и со 2-1 славеше за нови три бода.
Пораншниот селектор на Србија конечно по третиот меч на клупата на Сампдорија славеше и осови три бода. По првите два натпревари кои завршија нерешено избранциите на Михајловиќ денеска славеа со 2-0 над Катанија.

Резултати од денешните натпревари од 15 коло:

Каљари – Џенова 2-1, Сампдорија – Катанија 2-0, Сасуоло – Киево 0-1, Торино – Лацио 1-0, Верона – Аталанта 2-1.

Мечот меѓу Интер и Парма се игра во 20.45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top