| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Понта со најголема доверба

Romanian_Prime_Minister_Victor_PontaРоманскиот премиер и лидер на Социјалдемократската партија Виктор Понта е романски политичар кој има најголема доверба кај граѓаните, се вели во резултати од анкета на агенцијата ЦСЦИ.
Според нив, 42 отсто анкетирани велат дека имаат доверба во Понта, 39 му веруваат на градоначалникот н Букурешт Сорин Опреску и 28 отсто на Крин Антонеску, лидер на помалиот коалициски партнер Национално-либералната партија.
По нив следува претседателот Трајан Басеску со доверба од 25 отсто граѓани, поранешниот премиер Михај Разван Унгурјану (22 отсто) и поранешниот министер за правда Каталин Предоју.
Според анкетата, ако избори би имало сега, 41 отсто Романци би гласале за Социјалдемократската партија, 20 отсто за Национално-либералната и 17 отсто за Демократско-либералната партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top