Потпишан е договор за поделба на власта меѓу Филипинската Влада и главната муслиманска бунтовничка група Исламски ослободителен фронт Моро, со што се отвора пат за постигнување конечен мировен договор.
Договорот е уште еден чекор напред во завршување на неколку децении долгата борба на југот на Филипини во која загинаа речиси 150.000 луѓе.
– Потпишувањето на Анексот за поделба на власта обезбедува постигнување изворна и одржива автономија за Бангсаморо (филипински муслимани)- тересита Делес, главен владин преговарач. Двете страни во октомври лани потпишаа првичен договор за прекин на судирите што беше увод за конечен договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


