Аџи Фида, во областа на воспитаниeто и образованието, Александра Мијалкова, во областа на културата и уметноста, Никола Јанкуловски и Коте Тасевски во областа на здравството – ова се Македонците на кои денеска им беше доделена државната награда „Св.Климент Охридски“.
Фото: Игор Ангеловски
На годинашните лауреати, во Собранието на Република Македонија, нагрaдата им ја врачи академик Вера Битракова Грозданова. Фида изјави дека ова признание е за неговиот вложен труд во подготвување наставен кадар за одделенска настава, воспитувачи за предучилишни институции и училишни педагози во Македонија.
За Мијалкова наградата „Св.Климент Охридски“ претставува круна на се она што го постигнала во 22-годишното активно работење на сцената.
– Вложив многу труд и напор и одрекување од многу работи во животот кои се потребни и неопходни за да се постигне врвот во кариерата и да се биде професионален во она што се работи, рече Мијалкова.
Проф. д-р Јанкуловски истакна дека оваа награда за него претставува мотивација и поттик за понатамошна работа. Примариус д-р Тасевски потенцира дека упорноста е втемелена во неговиот карактер и оти тоа не сака да го менува.
Во образложението кон наградите се наведува дека Аџи Фида има објавено стручни трудови во педагошката периодика и придонел во осовременувањето на теоријата и практиката на основното образование во Република Македонија. Автор е на повеќе учебници за основно образование на мајчин јазик и е единствен Албанец, кој пред 40 години пишувал и издавал учебници за настава по албански јазик.
За примабалерината на Македонската опера и балет Александра Мијалкова, се посочува дека „со својата супериорна и беспрекорна техника, како и единствениот балетски израз надополнет со голем дијапазон на емотивни доживувања, остава траен белег во интерпретацијата на голем број претстави“.
Во однос на Јанкуловски, се посочува дека тој е водечки експерт во дигестивната хирургија во земјава и во регионот. Автор е и коавтор на повеќе стручни и научни книги и трудови објавени во и надвор од државата, директор е на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и е декан на Медицинскиот факултет.
Тасевски, пак, се наведува во образложението, е специјалист по болести на забите и ендодонтот. Издал осум стручни и едукативни брошури од областа на стоматологијата, презентирал многубројни стручни трудови на симпозиуми и конгреси во земјава и странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Балетскиот спектакл „Клеопатра“ ги воодушеви битолчани (галерија) (видео)
-
Со „Клеопатра“ примабалерината Мијалкова ќе го одбележи 25-годишниот јубилеј
-
Александра Мијалкова со светска премиера на балетскиот спектакл „Клеопатра“ ќе одбележи 25 години на сцена (галерија)
-
Александра Мијалкова: Кога би се родила уште еднаш, повторно би била балерина!